Скопјанец обвинет за недозволена трговија со кокаин

Поднесен е обвинителен акт против скопјанец од Крушопек поради нелегална трговија со дрога – кокаин. Дрогата во февруари годинава беше откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани.
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека, по завршување на истражната постапка, поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.
Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19 февруари оваа година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
