Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од Јавното обвинителство.
Осомничениот, во текот на месец февруари, како што се вели во соопштението на гостиварското обвинителство, набавил неодредено количество психотропни супстанции – екстази и непозната бела кристална материја, кои имал намера да ги продаде на други лица на подрачјето на Охрид и Скопје.
-На 1 март, при претрес на осомничениот и на автомобилот во кој тој патувал со две сопатнички, на магистралниот пат Кичево Гостивар, биле пронајдени седум таблети екстази и околу 800 грама непозната бела кристална материја. Притоа, осомничениот се обидел да голтне дел од таблетите. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на пронајдените супстанции”, информираат од гостиварското обвинителство.
Во исто време, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување краткотраен притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор од 48 часа.
По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
