Скопјанец со тврди предмети нападнал вработени во авто сервис во Чаир
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава по брза постапка против насилник од Скопје.
- Денеска од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Како што соопштија од таму, тој се сомничи дека на 13.04.2023 во 14.00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.
Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-

СДСМ: Дали власта внесува сомнителен капитал во Македонија?
-

Реакции по предлогот полициски инспектор да стане член на Судски совет
-

На пола милион граѓани во Македонија годинава им бил побаран поткуп, а 448 илјади дале мито
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
