Македонија
5. January 2017 - 8:46

Скопје блесна во бело - снежна идила во Градскиот Парк

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег. Врнежите најпрво ќе започнат во северните и западните делови од земјава, а потоа ќе се прошират и во останатите делови. На југ врнежите најпрво ќе бидат од дожд, а попладне ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и во ноќните часови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег кои ќе почнат уште претпладне, но ќе се интензивираат во попладневните часови. Во Скопско попладне ќе дува засилен северозападен ветер. Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде од 10 до 15 сантиметри. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до еден степен.

Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но тие ќе бидат со намален интензитет.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од минус 12 до минус шест, а во недела утринските температури ќе се движат од минус 22 до минус 10 степени. Во наредните денови температурите ќе бидат во благ пораст.