Скопје: Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчар

Приведен e криумчар од Скопје, откако во возило биле пронајдени 10 мигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
- На автопатот Куманово - граничен премин „Табановце“, пред село Табановце, вчера во 15.55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц., на возраст од 35 години, од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 10 лица, мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници, се појаснува во соопштението.
За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце.
Б.Ц. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
