-->
-->
Скопје следната година домаќин на два турнира во одбојка на песок
-->
По повод одржувањето на сателит турнирот во одбојка на песок во Скопје, гостин е првиот човек на Европската одбојкарска федерација Александар Боричиќ, а тој денеска заедничка прес конференција одржа со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
- Оваа година Скопје по седми пат е домаќин на турнир во одбојка на песок. Лани бевме домаќини на машкиот сателит, а годинава сме домаќини на женскиот сателит. Ќе продолжиме да организираме турнири и следната година имаме цел да бидеме организатори во двете конкуренции. Оваа година има претставнички од 16 држави и вкупно се натпреваруваат 26 двојки, а тие со својот настап во Скопје собираат поени за ранг листите, истакна градоначалникот на Скопје Трајановски.
Првиот човек на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) Боричиќ, зборуваше за актуелностите во одбојката , но и за одбојката на песок.
- Ги видов условите за одбојка на песок и со нивно подобрување и проширување следната година ќе може да се прошири и организацијата со учество и на мажи и на жени. Ова е осбено важно, дека со овие натпревари се собираат бодови, кои се многу важни. Одбојката на песок е олимписки спорт, кој на Игрите во Рио секој ден имаше полни трибини по 15.000 гледачи. Ние како ЦЕВ и асоцијацијата на балкански одбојкарски федерации ја помагаме Одбојкарската федерација на Македонија, но сметам дека треба да има поголема помош и од државата и од Македонскиот Олимписки комитет пред се околу организација на некое натпреварување, истакна Боричиќ.
Инаку, синоќа градоначалникот на Скопје Трајановски и претседателот на ЦЕВ Боричиќ ги следеа и натпревари на сателит турнирот што се играат на теренот на „Градска плажа“ . До крајот на турнирот треба да се одиграат уште натпреварите за пласман (се играат попладнево), полуфиналните натпревари (се играат утре претпладне) и финалето и дуелот за 3.место (се играат утре од 19:30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!