-->
-->
Скопски газда измамен за 2000 евра
-->
Во Полициска станица Карпош, вчера во 13 часот М.А. (32) од Скопје пријавил дека на 13 јули во кафе бар лоциран на булевар "Партизански одреди" од страна на лицето Р.К. (56) од Скопје му била извршена измама од 123,000 денари. Имено пријавителот се договорил со лицето Р.К. за извршување на занаетчиски работи, односно поставување на алуминиумски прозори во објект, истиот го довел во заблуда и на пријавителот му наплатил 2,000 евра, како аванс за изработка и до 01 август требало да ги постави прозорите, но истиот ниту постапил по договореното, а ниту пак се јавува, како и избегнува да стапи во контакт.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
