СКСЗМ: Бизнисот трпи големи штети поради политичката криза
Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека бизнисот, поради политичката криза во земјата, трпи големи штети, неговиот опстанок е речиси доведен во прашање, а посебно се погодени малите и средните претпријатија. Отежнато е функционирањето на институциите, а странските партнери стравуваат од натамошна соработка и инвестирање.
- Политичките фактори, наместо да се посветат на решавање на ситуацијата, се занимаваат со својот личен интерес. Тешко е да се каже кој е виновен, но сите треба да бидат одговорни, сериозно да се однесуваат и да донесат долгорочни одлуки, рече претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа.
Поради политичката неизвесност, Комората на среден рок очекува економска стагнација, а ако не се преземат итни, ефикасни мерки, не е исклучен, како што истакна Хоча, и почеток на економски регрес.
Бизнисмените сметаат дека секое високо меѓународно рангирање на Македонија во однос на деловната клима во вакви услови не е валидно зашто перцепцијата на странските компании е сосема поинаква.
Стопанската комора на Северозападна Македонија апелира претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за аболиција. Во спротивно, велат, ќе ги сруши сите демократски принципи во државата.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи