СКСЗМ одржа консултативен состанок со Движењето БЕСА

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска одржа консултативен со
Целта на состанокот беше компаниите да се запознаат со економската платформа на политичката партија, но и да ги изнесат своите видувања, барања, предлози и сугестии.
- Политичките партии не може да ја дефинираат економската платформа без да ги земат предвид предлозите на бизнисите. Ние, како легитимен претставник на деловната заедница, се стремиме да понудиме совети врз основа на искуствата на нашите членки, истакна претседателот на Комората Неби Хоџа.
Тој ги повтори барањата на СКСЗМ до партиите: транспарентност и отчетност на трошењето на буџетските пари и на креирањето политики, нови мерки за зголемување на вработеноста, обука и стручно образование на кадрите, напуштање на митот за евтина работна сила, платформа за одржлив и конзистентен економски развој, зголемување на БДП над четири отсто и рамномерен регионален развој.
Претседателот на БЕСА Билал Касами рече дека економската програма на неговата партија ја одразува актуелната ситуација во земјата, а решенијата што ги нудат се флексибилни, согласно специфичните околности и потреби.
- Тука сме за да ги слушнеме предлозите на Комората и да ги инкорпорираме во нашата платформа, изјави Касами.
Стопанската комора на северозападна Македонија досега одржа консултативни состаноци со ДУИ и со Движењето за реформи - ДПА.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
