Слаб снег на Стража, магла кај Попова Шапка, Ѓавато и Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража.
Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, втори овој месец година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март година.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка