Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот

Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел.
Првата посериозна шанса во 14.минута ја имаше домаќинот кога ударот на Хојлунд, Зајков го изблокира во корнер, а три минути подоцна бекот Меле упати удар директно во нашиот голман Димитриевски. Најзрелата шанса за Данска ја имаше капитенот Хојберг, кој биеше надвор од шеснаесетникот, а Димитриевски одбрани. Во завршницата на првиот дел Димитриевски имаше уште една интервенција.
Грешката на македонската одбрана во 49.минута со гол ја казни Микел Дамсгард. Набрзо потоа македонскиот тим преку Барди имаше удар крај голот. Но, две минути подоцна на асистенција на Дамсгард, Густав Исаксен зголеми на 2:0.
Истиот фудбалер во следната минута по вторпат се запиша во листата на стрелците за 3:0 за Данска. По корнерот на Ериксен, Кристијан Норгард го постигна четвртиот гол за Данска.
Во финалето од баражот за пласман на СП 2026 Данска ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска на 31.март на гостински терен.
МИА
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
