Слаѓана го запалила автомобилот на поранешното момче - Еве ја причината!
Поради љубомора Слаѓана Л.(39), минатата недела можела да предизвика голема трагедија во Аранѓеловац во Србија.
Во целата несреќа, среќа е што изгорел само мерцедесот на нејзиниот поранешен дечко.
Имено, на скриен паркинг во Бања изгорел автомобил марка мерцедес со белградска регистрација. Автомобилот со бензин го посипала Слаѓана Л., бидејќи сакала да му се одмазди на својот поранешен дечко, кој според пишувањата на српските медиуми во тој момент бил во колата со друга девојка.
Слаѓана дознала каде се „забавуваат“ девојката и поранешното момче, па ги посетила. Со нејзиниот автомобил удрила директно во мерцедесот, по што веднаш тројцата излегле од автомобилите.
Љубоморната Слаѓана почнала да вреска и да го полива автомобилот со бензин и го запалила.
Веднаш потоа седнала во нејзиниот автомобил и го напуштила местото.
Полицијата трага по Слаѓана, а за целиот настан е известен и надлежниот обвинител во Аранѓеловац.
Ново на Сител
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница