Славел роденден, па го претепале со бејзбол палка
Во Полициската станица во Ѓорче Петров во 00.30 часот Е.С.(49), пријавил дека на 05.03.2016 година околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница и биле пресретнати од страна на засега непознато лице со безбол палка заедно со други две лица. Тие тројцата дошле до оштетениот и неговите другари и физички го нападнале на тој начин што го фатил за врат и го турнал во грмушки. Потоа се обидел да го удри со тупаница, но оштетениот избегал и телефонски го пријавил настанот. Кога тргнал кон ПС-ОН „Ѓорче Петров“, еден од насилниците ја земал палката и се обидел да го удри оштетениот во пределот на главата, но не успеал во намерата. По настанот оштетениот со двајца негови другари отишле пред ОУ„Ѓорче Петров“, каде за кратко време пристигнале полициски службеници од ПС ОН„Ѓорче Петров“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад