Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
Извршниот одбор на Народната банка денес одлучи да воведе администрација во Алта банка Битола од тројца членови на Народната банка и тоа од времен карактер.
Тоа значи дека управувањето со имотот на банката преминува во надлежност на Централната банка.
Гувернерот Славески на попладневната прес конференција рече дека за граѓаните се ограничува плаќањето или подигнувањето готовина од максимум 10.000 денари седмично, а фирмите ќе можат неограничено да ги вршат меѓусебните плаќања во рамките на банката.
Максимален рок за администрирањето е три месеци.
Алта банка од Србија утре ќе биде известена да ги продаде акциите за кои веќе има заинтересирани неколку банки и финансиски институции.
Ако не го стори тоа во краток рок, тогаш Народната банка ќе ги продаде акциите на заинтересираните.
