-->
-->
Следната недела во Македонија ќе пристигне втората пратка на вакцини од Србија
-->
Следната недела се очекува да пристигне втората пратка на вакцини кои ни ги донира Србија. Оваа информација вечерва ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на Сител.
- Денеска разговаравме со цел како да го направиме нашиот план и распоред. Дали да планираме 2.000 лица кои што треба да се вакцинираат, и другите за секој случај да ги зачуваме. Меѓутоа, денеска укажаа на тоа дека веќе следната недела и останатата количина ќе пристигне во нашата земја. Ќе бидеме една од ретките земји, 4.000 вакцини за 4.000 здравствени работници кои што директно работат со Ковид и тоа го покажаа анализите и претходно, рече Филипче.
Македонија од Србија доби само 4.680 дози од планираните 8.000 вакцини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар