-->
-->
Следува новогодишен турнир во пинг-понг
-->
На 16 Декември во Скопје во спортскиот центар Форца ќе се одржи третиот турнир во пинг понг Самсунг 2018.
Турнирот од оваа година е од отворен карактер, и добива интернационален карактер.
Организатори на турнирот се ППФМ и пинг понгарскиот клуб Телеком НЕЦ од Скопје.
На турнирот можат да учествуваат сите играчи без разлика дали се професионални играчи или рекреативци.
Играчите во машка конкуренција ќе бидат поделени во четири категории:
- Апсолутна
- 40+
- 49+
- 59+
Во женска конкуренција натпреварувачките ќе се натпреваруваат само во една, апсолутна категорија.
За победниците во сите категории од страна на организаторот и спонзорите обезбедени се парични и непарични награди.
Спонзорот Самсунг обезбеди најнови модели на Самсунг телефони за победниците на турнирот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци