Слика од пеколот во Австралија: Прикажани епските размери на катастрофата што го погоди целиот континент
Ова е 3Д визуелизација на пожарот во Австралија. Сликата е заснована на податоци од НАСА и ја направи Ентони Херши.
Таа ги прикажува сите пожари кои избија меѓу 5 декември и 5 јануари. Не е во реално време, но не е ниту сателитска фотографија.
Некои пожари сега се изгаснати, па скалата е непрецизна поради ниските дефиниции. Како резултат на тоа, подрачјата целосно во портокалова боја не се изгорени целосно, туку значи дека во овие региони постои голема густина на пожари.
„Ова е 3Д визуелизација на пожарите во Австралија. НЕ Е ФОТОГРАФИЈА. Замислете го ова како поубав графикон. Ова е направено врз основа на податоците на ФИРМС (Сателитски податоци во врска со пожарите) на НАСА меѓу 12.12.19. - 01.05.20. Тоа се сите области кои се зафатени од бурни пожари. Скалата е малку преувеличена поради сајотој на рендерот, но генерално се точни информациите од НАСА. Ист така имајте на ум дека не се ставени сите подрачја каде се уште гори, а ова е компилација“, вели Ентони Херши.
Ново на Сител
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално