Бизарно но вистинито
16. February 2016 - 18:05

Слики кои го шокираа светот: Го оставиле детето бидејќи било "вештер"

Потресни фотографии од изгладнето и напуштено дете (2) од Нигерија која ги објавила на својот Фејсбук профил волонтерка од Данска Ања Рингрен Ловен ја згрозија светската јавност.
 
Ловен која живее во Африка и помага на напуштени деца, пронашла дете кое лутало само, потполно голо и изгладнето. Преживеало со остатоци на храна која му ја давале осум месеци случајни минувачи. Кога го пронашле, детето било во тешка здравствена состојба, гол, изгладнет и полн со глисти. Ловен му дала вода и го завиткала во ќебе и го однела во болница. 
 

Jeg har set meget her i Nigeria igennem de sidste 3 år. Jeg har forskånet jer for mange oplevelser når vi har været på...

Posted by Anja Ringgren Lovén on Sunday, 31 January 2016

 
Детето кое го нарекла Надеж (Hope), во болница добил третман против паразити и трансфузија на крв за да зајакне. Сега се чуствува подобро, почнал, сам да јаде и добро реагира на лекарствата.
 
- Денес прв пат сам јадеше, дури и ни се насмевна. Исто така почна и да се игра со мојот син, рекла хуманитарката.
 
Посебно е шокантно тоа што детето не е сирак туку тие го напуштиле поради тоа што верувале дека тоа е вештер.
 
- Илјадници деца се прогласувани за вештери. Видовме се и сешто - деца кои се измачувани, уплашени, убивани - напишала волонтерката на својот Фејсбук профил.
 
Ловен упатила апел до јавноста да и помогнат со донации за да на детето да му овозможи заздравување и лечење. За само неколку дена повеќе од илјадници луѓе донирале и собрани се над два милиони долари.
 
- Со парите кои ги собравме, ќе му озвозможиме најдобра лекарска помош во најдобри услови а со останатите ќе изградиме болница за деца како него, завршила волонтерката.