Словенечкиот претседател Пахор во официјална посета на Македонија
Претседателот на Словенија Борут Пахор во петок и сабота ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана од шефот на македонската држава Стево Пендаровски.
Пахор, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сртене и со премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.
Главни теми на разговорите ќе бидат напредокот на Северна Македонија на нејзиниот европски пат и почетокот на преговорите за членство во Европската унија, билатералните односи и мултилатералната соработка.
Предвидено е Пахор да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, по што ќе замине за Охрид каде што ќе се сретне со словенечките полицајци кои им помагаат на нивните македонски колеги во обезбедувањето на границата.
За време на посетата, словенечкиот претседател ќе биде придружуван од министрите за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф