Балкан
19. May 2020 - 11:40

Словенија целосно ја отвори границата за хрватските државјани

Хрватите можат без посебни процедури слободно да влегуваат во Словенија и за тоа да ги користат сите гранични премини кои повторно се отворени.

Ваквата одлука ја донесе Владата по препорака на Националниот институт за јавно здравје која утврди дека Словенија и Хрватска имаат слична епидемиолошка слика и дека двете држави успешно се справуваат со епидемијата на новиот коронавирус.

Од минатата недела Хрватска дозволи и словенечките граѓани да можат да влегуваат во земјата, а први тоа го направија оние кои имаат имот во соседната земја.