-->
-->
Словенија почнува масовно тестирање за да се дознае вистински број на заразени со коронавирусот
-->
Словенечката Влада објави дека дополнително ќе го интензивира тестирањето за коронавирусот бидејќи сака да добие реална слика за тоа колку граѓани се инфицирани.
Дополнителните тестирања ќе се направат во сите региони на државата и ќе бидат опфатени сите старосни категории граѓани. При изборот на лицата кои ќе се тестираат нема да биде важно во каква здравствена состојба се.
Резултатите од овие масовни тестирања ќе бидат одлучувачки за динамиката на постепеното укинување на ограничувањата донесени поради епидемијата.
Инаку, Словенија и досега беше една од земјите со најголем број тестирања по глава на жител. Во земјата со два милиони граѓани се направени речиси 40.000 тестирања за коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори