Словенија поднесе тужба против Хрватска поради „Љубљанска банка“
Словенечката Влада поднесе тужба против Хрватска пред Судот во Стразбур, поради мерките што ги презедоа властите во Загреб во врска со имотот и побарувањата на граѓаните од некогашната „Љубљанска банка“, по распадот на поранешна Југославија.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Словенија ја поднела тужбата против Хрватска врз основа на член 33 од Европската конвенција човековите права, кој се однесува на меѓудржавни спорови.
Тужба се однесува на мерките што ги презеле хрватските судски и владините органи против некогашната „Љубљанска банка“ и нејзината подружница во Загреб во 90-те години на минатиот век.
Според словенечката Влада, меѓу 1991 и 1996 година, хрватските судови одбиле најголем дел од тужбите „Љубљанска банка“, кои се однесуваат на наплата на долгови и побарувања од компании од Хрватска.
Словенија тврди дека само во 1994 година имало над 80 судски процеси за наплата на побарување, од кои најголемиот дел хравтските судови ги одбиле, а некои се уште се во тек пред судските инстанци во Хрватска.
Дури и оние пресуди кои биле во корист на банката, таа никогаш не можела да ги реализира и да си ги наплати своите побарување, наведува словенечката Влада во тужбата.
Словенија тврди дека во овие случаи има повеќекратно прекршување на членот 6 од Европската конвенција.
- „Љубљанска банка“ беше (и се уште е) жртва на произволното толкување на законот од страна на хрватските судови... за постојано негирање на правото на банката на судски процеси, оценува словенечката Влада.
Таа, исто така, укажува на повреда на правото на „Љубљанска банка“ на правна сигурност и еднаквост пред законот и на контрадикторности во постапка.
Словенија се жали и на неможноста за спроведување на правослините пресуди во многу случаи и смета дека имало бројни прекршувања на правата на „Љубљанска банка“, како што се правото на заштита на сопственоста, заштитата од дискриминација и правото на ефикасен правен лек.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие