Словенија размислува да врати некои од рестрикциите и повторно да ги отвори карантинските центри

Поради новите случаи на коронавирусот во земјата и регионот, Словенија размислува да воведе некои од рестриктивните мерки за граѓаните и повторно да ги отвори карантинските центри, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Портпаролот на Владата Јелко Кацин на редовната прес-конференција изјави дека не се работи за строги мерки, односно најверојатно повторно ќе биде мора граѓаните да носат заштитни маски во сите затворени простории, а поради увезените случаи најверојатно и пак ќе се отворат карантинските центри.
Албанија и Португалија поради влошената епидемиолошка слика се новите држави ставени на „црвената листа“, а нивните граѓани при влегувањето во Словенија ќе мораат да одат во 14 дневна изолација или карантин.
Вчера во земјата беа потврдени 13 нови случаи на лица заразени со коронавирусот што е најголемо дневно зголемување од 24 април.
Според словенечката Цивилна заштита се работи пред сè за случаи кои се „увезени“ од Босна и Херцеговина.
– Се работи за примери на заразени кои вирусот го добиле во Босна и Херцеговина. Треба да искажеме и пофалба бидејќи новозаразените веднаш се изолирани, а се најдени и сите оние со кој тие имале контакт, изјави Сречко Шестан од цивилната заштита.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
