Балкан
7. November 2020 - 13:43

Словенија руши рекорди: 34 починати и 1612 новозаразени за еден ден

За 24 часа во Словенија починаа 34 лица како последица на коронавирусот и тоа е најголем број на смртни случаи во едно деноноќие од почетокот на епидемијата.

Како што соопшти словенечкото Министерство за здравство, во последните 24 часа тестирани се 6,340 граѓани, од кои позитивни на вирусот се 1,612 лица.

Хоспитализирани се 1,084 пациенти, а на интензивна нега се лекуваат 178 заболени.

Кога станува збор за поранешните југословенски републики, во последните 24 часа и во Хрватска се регистрирани црни бројки.

Во оваа земја во последните 24 часа се регистрирани 2,399 новозаразени, а како последица на вирусот починаа 35 лица. Бројот на активни случаи се искачи на 15,542, а 1,330 пациенти се на болничко лекување, од кои 128 пациенти се на респираторна машина.

До денеска вкупно се тестирани 550,229 лица, од кои 8,624 во последните 24 часа.