Македонија
24. January 2025 - 16:39

Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”

Децата најмногу на удар од грипот и останатите вирусни инфекции. Дневно во амбулантите во двете детски Клиники во Скопје бележет и по 200 прегледи. На Детската клиника и во Козле имаат и по 60 хоспитализирани деца со респираторни инфекции. Дел од нив имаат потреба и од кислородна подршка.

-Особено доенчињата кои имаат потешки симптоми со отежнато дишење, они по потреба се ставаат на кислородна подршка првите денови додека се стабилизираат, а потоа немаат потреба од подршка од кислород. Правиме и лабораторија и претежно се изолираат вирусите на инфлуенца А, Б, РСВ, аденовируси и други сезонски вируси, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

И на Инфективната Клиника после Нова година бележат зголемен број на амбулантски пациенти со симптоми на грип и останати вируси. За 3 недели имале  600-тини прегледи, а 20-тина лица поради компликации од грипот се задржани на болничко лекување.

-Бројките според нашата статистика на клиниката се нормални зошто сме во сезона на  грип и тоа е очекувано и ништо не отстапува во однос на претходните години, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Вчера и од ИЈЗ информираа дека има зголемување на бројот на заболени од грип. Минатата недела регистрирани се 1400 тини случаи, но пикот на вирусот го очекуваат на средината на февруари.