Четири рочишта против Мерко
Во Основниот суд во Струга денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко, две за незаконско поставување директори на училишта ,набавката на „аудито“ и поставување на спомен плоча на влезот на општинската зграда.
Во двете одвоени рочишта во сослушувањето на сведоците за незаконско поставување директори во училишта екс министерот за образование, Јетон Шаќири истакна дека кај него не бил доставен предмет за одземање ингеренции и дека до него не стигнале извештаи од просветниот инспекторат додавајќи дека не ја знае причината за тоа но дека секторите работат со комплетна документација.
За предметот со луксузното ауди вредно 67 илјади евра судијата Јованов кажа дека поради промената на судечки судија, ќе почне од почеток.
На судењето пак за поставената спомен плоча пред општината на албански јазик исказ даваше заменик министерот за правда Деребан коj истакна дека недозволиво е да се слави периодот кога Струга била под фашистичка окупација.
Против струшкиот градоначалник Мерко има девет обвиненија за несовесно работење во службата а од неодамна се најде и на црната листа на САД поради вмешаност во корупција.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар