Служба за безбедност: Група заговорници планира насилна промена на власта во Грузија
Група заговорници планира да организира немири за насилна промена на власта во Грузија, соопшти грузиската служба за државна безбедност.
Службата наведува дека група луѓе кои дејствуваат на територијата на Грузија и надвор од нејзините граници планира да организира граѓански немири чија крајна цел, како што се наведува, е насилна промена на власта, а се нагласува дека почетокот на немирите се планирани за периодот октомври – декември.
Во соопштението се наведува дека организатори на планот за насилно преземање се поранешниот заменик началник на Министерството за внатрешни работи за време на претседателствувањето на Михаил Саакашвили, Георгиј Лорткипанидзе, поранешниот телохранител на Саакашвили, Михаил Батурин и командантот на Грузиската легија во Украина, Мамука Мамулашвили, пренесоа руските медиуми.
Се истакнува дека почетокот на немирите е предвиден за периодот октомври – декември, бидејќи тогаш привремениот извештај на Европската комисија и конечниот извештај на ЕУ за тоа дали Грузија ќе добие статус на кандидат за членство во Унијата ќе да бидат објавени.
Во соопштението се вели дека членовите на групата подготвиле неколку сценарија, а едно од нив предвидува поставување шатори на централните авении и поставување барикади пред владините згради, а потоа активирање бомба во шаторите. Грузиската служба за државна безбедност тврди дека групата размислува и за сценарио слично на она што се случи на Мајдан во Украина.
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура