„Службеник за млади“ во секоја државна и локална институција, најави Заев
За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување службеник за млади во сите органи на државната управа и општините, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.
Ова, како што појаснува, значи дека во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и сѐ што ги интересира.
-Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и Град Скопје, наведува Заев во објавата.
Ново на Сител
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово