„Смислата на животот“ - нова премиера на Битолскиот театар

Народниот театар-Битола ги заврши подготовките за најновата претстава „Смислата на животот“ која премиерно ќе ја изведе на големата сцена на 28 февруари. Режисер е Благој Мицевски, а автор на текстот е Израелецот Идо Нетанјаху кој ќе присуствува во Битола на премиерата и на претпремиерата претходниот ден.
- Станува збор за тежок текст и тема кои помагаат да размислуваме што правиме, колку придонесуваме за светот во кој живееме да стане подобар. Во еден дел од претставата за доктор Франкл, којшто го преживеал холокаустот, се допира денешниот свет и тоа е дополнителна провокација да се погледнат сите аспекти на минатото од 50-тите години од минатиот век и смислата на животот денес, рече меѓудругото режисерот Мицевски на денешната прес-конференција.
Петар Горко ќе ја игра главната улога во претставата - доктор Франкл, а во актерската екипа се и: Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска, Иван Јерчиќ, Борче Ѓаковски и Ангел Мицевски.
- Доктор Франкл е лик кој тешко може да се одигра но, сепак, може кога се има одлична актерска екипа. Кога ќе се излечи душата, тогаш секоја појава исчезнува, тогаш човек може да прости и да ги ублажи проблемите. Љубовта е најважниот двигател на секој човек и тоа води во одбраната на ова дело, посочи Горко на прес-конференцијата во Битолскиот театар.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
