Македонија
23. јуни 2024 - 10:51

Смокови му ги изеле глабите на штипјанец

Во атарот на Лакавица, штипско, смокови усмртиле и изеле голем број гулаби од гулабарник.

„За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата“, вели сопственикот Ване Станков за СДК.мк.