Снег на повисоките места, сообраќајот без забрани
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Намалена видливост поради појава на магла од 100 - 150 метри има на Страцин. Од 22:40 часот синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Кратово-Пробиштип кој поради свлечиште кај с.Шлегово се одвиваше по една коловозна лента.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат