Снегот корисен за земјоделските посеви во Пелагонија
Снегот ќе ги заштити од замрзнување есенските посеви во Пелагонија и тие се во добра кондиција, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола, ниските температури на воздухот во пелагонискиот регион нема да им наштетат на земјоделските култури.
- Во вакви временски услови најчувствителни се есенските земјоделски култури во проникнување, но снежната покривка која достига до 20 сантиметри е многу корисна за посевите и нема да дозволи мрзнење. Есенските посеви се наоѓаа во добра кондиција и снегот ги штити од ниските температури и овозможува поволен развој на културите, истакна Србиновски.
Агро-експертите деновиве се постојано на терен и освен за земјоделските култури помагаат и за сточниот фонд за кој според информациите на ПЕ на МЗШВ навреме била обезбедена храна и згрижување во зимски услови.
Ново на Сител
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател