Снегот пристигна на Балканот, обелеа планинските врвови во Босна
Снег пристигна на планините на Балканот, поточно на врвот Бјелашница и на Јахорина во Босна и Херцеговина.
Федералниот хидрометеоролошки институт за денеска најави претежно облачно време, врнежи од дожд во Херцеговина, централните и источните области на Босна и снег и лапавица на врвовите.
Првиот снег сезонава утрово падна на планините Бјелашница и Јахорина, а снег има и на високите планини во Австрија и Италија.
Во изминатите неколку дена, температурата на воздухот значително опадна, а поради силните врнежи од дожд беше вклучен жолт и портокалов метео-аларм.
Најниската температура денес беше измерена на Бјелашиница – нула степени.
И Србија рано утрово беше погодена од силно невреме, а слична ситуација имаше во градовите низ Хрватска, но и во Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата