-->
-->
Снегот се врати на Голак
-->
Снегот од синоќа повторно се врати на Голак. Иако со релативно мала снежна покривка сепак доволно да предизвика неверување кај жителите на Делчево, кои не паметат кога последен пат паѓал снег во месец мај.
Како вработен во делчевското шумско претпријатие задолжен за обиколка на теренот на планината Голак, делчевецот Славчо Георгиевски не памети кога последен пат на Голак паѓал снег во месец мај.
-Имало случаи кога пред десетина години паѓал снег во месец април, но во месец мај тоа било реткост. Снежната покривка не е голема, но доволна да предизвика измрзнување на некои растителни видови, вели Георгиевски.
Дека мајската снежна покривка ќе влијае на биодиверзитетот и големиот број на растенија, кои се карактеристични само за пределите на Голак и Влаина потврдува и откупувачот на шумски плодови, Трајчо Гоцевски, кој вели дека тоа ќе предизвика намалување на количините на одредени растенија за кои моментално се врши откуп.
– Знаеме сите дека снегот во мај не може да донесе ништо добро, освен што можеби ќе настрадаат одредени овошки, тоа ќе влијае и на биодоверзитетот, така што одредени растенија кои при крајот на месец мај требаше да бидат во својот најголем цут, сега ќе претрпат штети, што значи дека ќе има намален откуп. Се работи претежно за растенија кои по откупот се употребуваат во фармацевтската индустрија. Со ова сега нема да можеме да одговориме на нивните барања за откуп, вели Гоцевски.
Поради снегот од утрово во Пијанец се забележливи и пониски температури од вообичаено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците

