Со доделување на наградата „Златна лира“ во Ресен завршуваат „Хераклејските поетски свечености“
Со доделување на наградата „Златна лира“ за 2016 година на академик Богомил Ѓузелов и негово прогласување за „Поетас лауреатис“ вечер во дворот на Ресенскиот Сарај ќе заврши 11. издание на фестивалот „Хераклејски поетски свечености“.
Манифестацијата која втора година по ред се одржува под мотото „Поетски средби на медитеранот“, почна синоќа во Битола, а прв пат се одржува и во Ресен.
Извршниот директор на фестивалот Љубомир Груевски информира дека на 11. „Хераклејски поетски свечености“ учествуваат поети од земјава и странство.
- Хераклејските поетски свечености уште во самиот старт беа замислени како собир на поетите од соседството, а го покренаа група значајни македонски поети меѓу кои бевме јас Михаил Ренџов, Ристо Јачев и други. Од минатата година делуваме под мотото „Средби на Медитеранот“ со цел македонските историски, традиционални и културни вредности да ги ставиме во светскиот центар на културата – Медитеранот, каде Македонија со своите културни вредности несомнено припаѓа во културна смисла, изјави Груевски.
Во рамките на манифестацијата во Ресенскиот Сарај ќе бидат промовирани неколку книги меѓу кои и на трагично загината битолска поетеса Катерина Наковска, а со поетски читања ќе се приклучат и членовите на друштвото „Преспанска Елегија“.
Фестивалот „Хераклејски поетски вечери“ е поддржан од Општина Ресен, која има интенција да го постави како традиционална манифестација која во мноштвото на други културни настани за време на летото во иднина ќе го збогати културниот живот на преспанчани.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа