-->
-->
Со еден удар го нокаутираше а потоа ладнокрвно седна си ја допи пијачката и си отиде
-->

олицијата на Девона и Корнвал објави видео од безбедностите камери на еден ноќен клуб.
Педесет секунди долгото видео покажува инцидент кој се случил пред седум месеци, во кое Максвел Банбуру (19) брутално го нокаутирал Ендру Масон откако го забележал како игра со неговата девојка.
Ударот бил толку јак што му го скршил черепот на Ендру по што паднал во кома 10 дена. Седум месеци после нападот тој уште има невролошки проблеми а се здобил и со мозочен удар.
Откако му го задал ударот Максвел ладнокрвно седнал и мирно си ја допил пијачката по што заминал. Насилникот е осуден на 16 месеци условна затворска казна и 200 часови општествена работа откако го признал нападот. Исто така тој ќе мора да плати казна во износ од 1.000 фунти. Неговото оправдување било дека го забележал Ендру како ја допира неговата девојка.
Тој во судот се извинил за нападот и рекол дека немал намера толку силно да го удри, пред себе видел само црвена мага, додавајќи дека му е жал за последиците на Ендру.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
