Со измената на Правилникот, пет жени од „Идризово“ на викенд отсуство

Со измена на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Погодностите се користат по потреба, на барање на затвореничките и досега е одобрено за пет жени, меѓу кои и за Гордана Јанкуловска.
Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски посочува дека привилегиите ги користат по потреба.
-Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба, на нивно барање, потврди за МИА Јовановски.
Откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“, тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда. Со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, затвореничките ги добија истите погодности како и машките затвореници.
Ново на Сител
-

Поднесено обвинение за злоупотреби во Прилепската болница
-

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици
-

Царина заплени тутунски производи од малопродажен објект - избегната акциза од 509 илјади денари | ВИДЕО
-

Судиите избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

На Попова Шапка 34 сантиметри снег
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
