Со колективниот договор вратени дел од правата на администрацијата
Флексибилно работно време, исплата на регрес за годишен одмор, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, плата за време на годишен одмор и за време на штрајк се дел од придобивките што вработените во јавната администрација ќе ги добијат со Гранскиот колективен договор што беше потпишан денеска во Владата.
Проценките се дека ќе бидат опфатени околу 17.700 вработени во државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, локалната самоуправа, агенциите, фондовите и други органи основани од Собранието на Република Македонија.
Вработените ќе добијат К-15 во нето износ од 9.000 денари до крајот на годинава. Дел од средствата се обезбедени во Буџетот, а дел ќе бидат обезбедени со ребалансот на Буџетот.
– Со овој договор што денеска го потпишуваме, се уредуваат поголеми и поповолни права за вработените. Ова се дел од правата кои ги има и во приватниот сектор. Дел од правата практично се враќаат бидејќи беа укинати како антикризна мерка со одлука на Владата во 2011 година. Откако значително ги зголемивме платите во образованието, здравството, социјалната заштита и одбраната, продолжуваме со заложбите за поголеми работнички права и плати, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој заедно со Синдикатот на УПОЗ го потпиша колективниот договор.
Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујовски, процесот на преговарање не бил лесен, но сепак двете страни успеале да најдат решение и да ги надминат недоразбирањата. Колективниот договор, смета Грујовски, не треба да се гледа само преку исплатата на К-15, туку како договор во кој се вратени дел од правата што работниците ги имале пред 2011 година.
– Регресот за годишен одмор предизвика многу полемики дали јавната администрација треба да добие К-15 или не. Јас мислам дека треба да добие. Не може да кажеме дека нашата администрација е неефикасна. Секаде има неработници и така е и во администрацијата, но има и многу вредни работници кои треба да се вредуваат, рече Грујовски.
Колективниот договор нема да важи само за членовите на УПОЗ, туку за сите вработените во државната администрација.
Во однос на реакциите на дел на синдикатите за образование и здравство, министерот Манчевски појасни дека се работи за Грански колективен договор кој се потпишува со репрезентативен синдикат, а не станува збор за Општ колективен договор за јавен сектор којшто би важел за целиот јавен сектор.
Според Манчевски, потпишувањето на денешниот договор не е предизборен маркетинг и собирање политички поени бидејќи, како што рече Изборниот законик е јасен и прецизен и истите коментари би било и доколку договорот би се потпишал неколку месеци порано.
Денешното потпишување на колективниот договор следува по две и полгодишни преговори меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ. Ова е прв Грански колективен договор за државната администрација потпишан по 1995 година.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес