Со концерт на „Форплеј“ почнува „Охридско лето“

Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан вечер почнува 57. издание на фестивалот Охридско лето.
На отворањето на Фестивалот ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
Членовите на „Форплеј“ вчера на прес-конференција изразија воодушевување од Македонија, каде што прв пат ќе настапат, а музичарот Харви Мејсон ја нарече библиска земја.
Директорот на Фестивалот, Оливер Арсовски најави рекордни 57 настани во претстојните 40 фестивалски денови. Според него, прв пат во историјата на Фестивалот на свеченото отворање ќе има џез настан, кој предизвикал голем интерес кај публиката. Охрид годинава ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји, меѓу кои од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Русија, Австрија, Канада и други.
Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот на музичкиот дел од програмата се воведуваат и џез вечери, потоа гостувањето на Рок Симфони, Влатко Стефановски и Камерен оркестар - Битола, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина. Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти (Оркестарот на Македонска филхармонија, Камерниот оркестар на МММ, Турској камерен оркестар од Турција виолинистите Блерим Груби и Марија Вршкова,...)
Во драмскиот дел од програмата ќе бидат прикажани претстави на домашни и меѓународни театри меѓу кои „Кралот Лир“ од Шекспир во изведба на Турскиот театар од Скопје во режија на Диего де Бреа, како и „Сон на летната ноќ“ исто така од Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел, а во изведба на Битолскиот театар. Театарот од Велес Ј.Х.К- Џинот“ ќе ја изведе претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски. Ќе настапат и Камерниот театар 55 од Сараево со претставата „Жаба“, „Отело“ во продукција на Театарот на бугарската армија од Софија, а ќе се одржи и концертно шоу „Меџик нешнл“ во режија на Јон Карамитру во продукција на Националниот театар од Романија.
Охрид од денеска до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои ќе имаат можност да уживаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
