Со криптовалути плаќале за амфетамин, покрената истрага против жена и маж од Скопје
Скопското основно обвинителство покрена истрага против 37-годишна скопјанка и 29-годишен скопјанец за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Тие континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно средство.
Осомничената 37-годишна скопјанка и осомничениот 29-годишен скопјанец, кои што живееле во вонбрачна заедница, во домот во кој престојувале на улицата „Рузвелтова“, дрогата ја набавувале од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки.
-На аеродромот во Франкфурт, Германија, царински службеници заплениле поштенска пратка – хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. Пратката содржела амфетамин, па по воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година. На осомничената и била доставена на домашна адреса. На 15 септември полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со наркотична дрога марихуана. При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една полиетиленска ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци од марихуана, информираат денеска од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи, како што се наведува во соопштението, постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. За осомничениот се предложени мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат