Со магичен потег Роналдињо ги полуде фановите во Индија
Овој гол ме враќа во детството кога научив навистина многу за футсалот. Голот го посветувам на семејството Еспиноза, поготово на мојот прв футсал тренер кој ме научи многу работи, Клеон Еспиноза, напиша Роналдињо.
-Поминав уште еден ден забавувајќи се и работејќи го она што го сакам, напиша Роналдињо на Инстаграм после новиот футсал натпревар од лигата во Индија.
Можеби има 37 години и сериозниот фудбал е позади него, но големиот Бразилец повторно покажа дека класата никогаш не умира. Формата? Таа поминува, но она што Роналдињо го правеше некогаш на големиот, а денес на нешто помал терен нема врска со тренингот, туку исклучиво со вродениот талент.
Играјќи во дресот на Делхи Драгонс, Роналдињо уште на почетокот на самиот турнир им покажа на навивачите каков играч имаат во тимот. На првиот ден од турнирот даде два гола во победата од 4:2, а вчера постигна хет-трик во ремито Бенгалур Ројасл, мечот заврши 5:5
Еден гол посебно привлече внимание, ги врати сите на оној Роналдињо на кого се сеќаваме од деновите во Барселона и репрезентацијата на бразил. Роналдињо откако ја прими топката го измами истрчаниот голман, му ја пушти топката низ нозете, а потоа голот го даде на својот класичен “no-look“ начин.
Овој гол ме враќа во детството кога научив навистина многу за футсалот. Голот го посветувам на семејството Еспиноза, поготово на мојот прв футсал тренер кој ме научи многу работи, Клеон Еспиноза. Ти и твоето семејство секогаш ќе бидете во моето срце, напиша Роналдињо на Инстаграм.
Ново на Сител
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред