Со „Македонија вработува 2“ во Дебар и Центар Жупа нови 30 вработувања

Преку владиниот проект „Македонија вработува 2“ во општините Дебар и Центар Жупа, остварени се 30 нови вработувања, а при крај е постапката за уште десет.
- Како и „Македонија вработува“ така и „Македонија вработува 2“ поради поволностите кои се нудат побудуваат голем интерес кај работодавачите и невработените и слободно може да се оцени дека овој мега проект на Владата и понатаму прокнижува позитивни резултати. Од април 2015 до април 2016 година остварени беа 306 нови вработувања, а сега за два месеца 30. Тоа се повеќе од позитивни бројки, ако се има во предвид дека станува збор за две мали и недоволно развиени општини, изјави за МИА, Афет Авмедоски, раководител на дебарскиот Центар за вработување, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.
Благодарение на овој и другите проекти од оперативниот план на Владата за вработување, оценува Авмедоски, видно е намален бројот на невработените кои се во евиденцијата на Центарот за вработување.
Според него, во последните години со спроведувањето на мерките од оперативниот план, бројот на невработените е речиси преполовен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
