Со масовни тестирања и нови мерки Кина се бори против коронавирусот

Откако беа откриени неколку локални трансмисии на коронавирус во три кинески градови, властите во Пекинг започнаа масовно тестирање на милиони луѓе, воведоа ново „заклучување“ и наредија затворање на училиштата.
Откако многу експерти предупредија дека постуденото време влијае на ширењето на коронавирусот, воведени се мерки од широки размери во Тијанџин, Шангај и Мазули,иако бројот на новодијагностицирани случаи во Кина е низок во споредба со САД и другите земји.
Националната здравствена комисија соопшти дека во Шангај се откриени два нови случаи во последните 24 часа, вкупно седум од минатиот петок.
Откако беа откриени пет новоинфицирани лица во Тијанџин, здравствените работници тестираа над 2,2 милиони граѓани само во областа Бинхаи.
Во Манзули, град со повеќе од 200.000 жители, откриени се два нови случаи на Ковид-19, па властите наредија тестирање на сите жители.
И покрај критиките од светот дека кинеските власти спроведуваат драконски мерки, главниот кинески епидемиолог Зенг Гуанг изјави дека „само Кина е способна“ да го неутрализира вирусот.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
