Со мерката „Млад земјоделец“ субвенционирани годинава 124 млади лица
Вкупно 124 млади лица годинава ја користат мерката „Млад земјоделец“ за што се обезбедени над 70 милиони денари. Досега за оваа мерка се инвестирани над 2,5 милиони евра, а свое вработување нашле 300 млади лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната промоција на 25 нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.
Тој оцени дека проектот „Млад земјоделец“ што беше зацртан во партиската Програма во 2014 година се одвива добро, со оглед дека согласно таа програма годинава со 10.000 евра помош се финансираат 124 млади земјоделци, но и лица кои првпат почнуваат да се занимаваат со земјоделство.
- Проектот е одличен, дава добри резултати, помага на многу млади земјоделци и помага на многу млади луѓе да почнат да се занимаваат со земјоделство и со тоа да си ја обезбедат својата егзистенција. Често многу од овие луѓе се невработени лица, примаат социјална помош или живеат од средствата на своите родители. Со оваа поддршка и со неколку други активности што тие самите ќе ги направат во прибирање на средства за почнување со работа практично се овозможува многу луѓе да излезат од групата на невработени или на приматели на социјална помош и да влезат во група вработени и луѓе кои остваруваат приходи за себе, за своето семејство, а можеби со тек на време ќе почнат да вработуваат и други лица, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците