Со пушка и ја разнел главата на змијата - еден час подоцна пробала да го нападне

Били Форбус од Алабама во својата градина затекнал ѕвечарка, ја упукал со сачмарка, и ја откинал главата и ја фрлил во заднитот дел од својот камионет за да му ја покаже на својот татко.
Еден час покасно кога пробал да ја тргне од својот камионет, обезглавеното тело на змијата пробало да го нападне.
Снимката на која се гледа како змијата , на која и останало мало делче од главата, се движи низ товарниот дел на камионетот, ја снимилаКери со пругата на Били.
- Мојот сопруг копал во градината кога налета на змија. Ме повика да донесам сачмарка и така и ја разнесе главата, а потоа со гребло ја фрли во камионетот и ја однесе кај својот брат. Змијата за тоа време не мрдаше. кога стигнавме до куќата на неговиот брат, почна повторно да напаѓа, раскажала Кери за Унилад.
Експертот за змии Тејлор Харис објаснил дека смијата се однесувала одбранбено и посеветувал дека во такви прилики подобро е да ја оставите змијата на мир.
- Рептилите повеќе реагираат на спиналните рефлекси отколку оние од мозокот, во нивниот ’рбет има суптсанции кои ги котролираат движењата и до некој одреден степен функционираат одвоезно од мозокот. Нападот веројатно се случил како рефлекс кога почувствувала дека некој и се приближува, објаснил тој.
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
