ОН со резолуција бараат безусловно примирје во Либија

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која бара безусловно примирје во Либија, како и почитување на ембаргото за увоз на оружје во оваа земја, повлекување на сите странски платеници и немешање на членките на ОН во кризата во оваа африканска земја, јави агенцијата Анадолија.
Предлог резолуцијата на Советот за безбедност ја поднесе Велика Британија и тоа во рамките на иницијативата за воспоставување трајно примирје во Либија.
Предлогот е усвоен со 14 гласови „за“, додека Русија беше „воздржана“.
Делегацијата од Москва беше незадоволна од споменувањето на странските платеници, но не го искористи правото на вето, туку само беше воздржана.
Резолуцијата на ОН бара итно и безусловно примирје во Либија, а од членките на ОН се бара да не се мешаат во кризата и да ја почитуваат забраната на испраќање оружје во Либија.
Во резолуцијата понатаму се бара примена на заклучоците донесени на мировната конференција што минатиот месец се оддржа во Берлин, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е задолжен да ги подготви документите што ќе го содржат условите и предлозите потребни за надзор на почитувањето на примирјето во Либија.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
