Со солзи во очите министерот Дачиќ го испрати својот татко кон вечното почивалиште

Десимир Дачиќ, татко на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ е погребан денеска на Новите гробишта во Белград.
На шефот на српската дипломатија и на неговата мајка поддршка во најтешките мигови им даде сопругата Сања, децата Лука и Андреа и сестрата Емица.

На погребот присуствуваа министерот за рударство и енергетика и функционер на СПС Александар Антиќ, белградскиот градоначалник Синиша Мари, функционерот на СПС Милутин Мркоњиќ во придружба на Ана Бекута, новинарот Миломир Мариќ, претседателот на Собранието на Белград Никола Никодијевиќ, министерот за туризам и трговија Расим Љајиќ, лидерот на Народна странка Вук Јеремиќ како и многу други политичари и високи државни функционери.

Последен поздра на таткото на Дачиќ упатија и потпреседателот на Народното собрание на Србија Владимир Маринковиќ, познатиот адвокат Тома Фила и низа поранешни и актуелни министри во српската влада.

Десимир почина на 30 јануари во Военомедицинската академија во Белград, по кратко боледување.
Веста за загубата го затекна српскиот шеф на дипломатијата на пат.

Ново на Сител
-

ММФ предупредува: Војната ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави економскиот раст
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
