-->
-->
Со велосипедско дефиле во Пехчево се одбележа меѓународниот ден без автомобили
-->

Меѓународниот ден без автомобили во Пехчево се одбележува со велосипедско дефиле со што Општина Пехчево по четврти пат се вклучува во кампањата за одбележување на Европската недела на мобилност.
Денеска булеварот во Пехчево беше затворен за сообраќај за моторни возизла и овде продефилираа триесетина ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ и возрасни граѓани на Пехчево со цел да придонесат во промената на сликата на нивниот град и да испратат порака дека автомобилите можат да се заменат со велосипеди, барем еден ден во годината.
Живко Каликов од Општина Пехчево истакна дека Општина Пехчево со самото вклучување во оваа акција посебно го одбележува овој ден.
- Настанот има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз квалитетот на воздухот и да ги охрабри да го подобрат здравјето со промена на еден ден во ден на мобилно однесување. Европската недела на мобилност е кампања која промовира визијата на градските улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани, рече Каликов.
Инаку, и Берово и Македонска Каменица со организација на дефиле со велосипеди се вклучија во одбележување на светскиот Ден без автомобили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
