Со Здравко Чолиќ, Дино Мерлин и Аца Лукас дочекана Новата година во регионот
Новата година во регионот е пречекана весело, а во многу градови имаше организирана прослава на плоштадите.
Во Подгорица забавуваше Тони Цетински, додека во Будва уживаа со музика од Бијело дугме, јави РТЦГ.
По синоќешниот концерт на Масимо Савиќ, вечерва во Котор настапуваат меѓу другите и Партибрејкерс и Електрични оргазам.
Во Хрватска за Нова година многумина избраа најповолна прослава – на плоштади со концерти. Во Загреб за прославата се погрижија Дорис Драговиќ, Тончи Хуљиќ со традиционален огномет на полоќ.
Во Дубровник – големите очекувања ги исполни Дино Мерлин.
Дел од жителите на регионот ја дочекаа Новата година во кaфеани, кафулиња и во свои домови.
Според сараевски медиуми, јавниот дочек беше со Ди-Џеј Департмент и сараевски бенд Д Лас Локејшан. Ѕвезда на вечерта беше Здравко Чолиќ. Иако температурата беше под нула, и магла се спушти, тоа не спречи десетина илјади жителите на Сараево и гости од сите краишта да се забавуваат на отворено.
Во Белград на отворено настапија Балканика, Рибља Чорба како и Аца Лукас. На улиците владееше празнична атмосфера и добро расположение, јави Танјуг.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори