Со звуците на Штраус, матурантите традиционално одиграа квадрил

Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје околу 1.000 матуранти го одиграат традиционално танцот квадрил.
Матурантите од Скопје танцуваа истовремено со нивните врсници од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој присуствуваше на манифестацијата, им порача на матурантите во текот на целиот живот да ги задржат ентузијазмот и енергијата која сега ги имаат и да бидат посветени кон се што ќе го работат.
- Ако човек успее младешкиот жар и ентузијазам да ги задржи во текот на целиот живот неминовно ќе има успешни резултати. Затоа задржете ги ентузијазмот и енергијата кои сега ги имате и бидете посветени кон се што работите во животот за да може да успеете, рече Шилегов.
Како градоначалник најави дека ќе се грижи Скопје да стане модерен, европски и безбеден град во кој, како што рече, не се сомнева дека матурантите ќе одберат да го продолжат својот живот.
Матурската парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија за првпат се одржа во 2007 година во Скопје и Охрид.
Организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската унија.
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
